Проруските сепаратистички власти во Украина денеска ги објавија првите резултати од референдумите за присоединување на републиките Доњецк и Луганск, како и регионите Запорожје и Херсон кон Русија, според кои огромно мнозинство од граѓаните гласале „за“.
Во областа Запорожје со обработени 19 отсто гласови и „за“ се изјасниле 98,19 отсто од гласачите, во Доњецката Република со обработени 16 отсто гласови „за“ гласале 98 отсто.
Во Луганската република обработени се 13 отсто од гласовите, а „за“ се изјасниле 97,82 отсто од гласачите, додека во Херсон со обработени 14 отсто, 96,97 отсто од гласачите гласале за приклучување кон Русија, пренесе Бета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.