Телото на британскиот технолошки тајкун Мајк Линч денеска беше пронајдено откако претходно неговата луксузна јахта потона во близина на брегот на Сицилија.
Телата на другите четири жртви кои исчезнаа кога бродот потона беа пронајдени вчера, а утрово од потонатата јахта беше извлечено петтото тело. Со тоа вкупниот број на жртви се искачи на шест, откако во понеделникот беше пронајдено телото на готвачот Рекалдо Томас. Сè уште се трага по 18-годишната ќерка на Линч.
Британската јахта „Бејжн“ (Bayesian) долга 56 метри, со 22 патници и членови на екипажот, беше закотвена во близина на Палермо и на 18 август потона неколку минути откако беше погодена од невреме.
Линч беше еден од најпознатите технолошки инвеститори во Велика Британија. Тој ги покани пријателите да му се придружат на јахтата за да го прослават неговото неодамнешно ослободување во судскиот процес за измама во САД.
Освен 56-годишниот Линч и неговата ќерка, починаа Џуди и Џонатан Блумер, еден од шефовите на „Морган Стенли интернешнл“ (Morgan Stanley International), како и адвокатот на Крис Морвило и неговата сопруга Неда.
Петнаесет луѓе, меѓу кои и сопругата на Линч, успеаја да се спасат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.