Околу 10.000 од 50.000 регрутирани затвореници во руските затвори загинале во Украина, борејќи се на првата линија на фронтот во крвавата битка за Бахмут, призна лидерот и основач на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин.
Избрав 50.000 затвореници, од кои 20 отсто загинаа, рече Пригожин во интервју објавено синоќа од блогерот близок до Кремљ, Константин Долгов.
Пригожин, исто така, кажа дека во борбите кај Бахмут загинале и приближно исто толку професионални војници, без да го прецизира нивниот број.
Според него, украинските загуби се многу поголеми.
Имам три пати помалку мртви и (…) околу двојно помалку ранети, рече шефот на платениците од „Вагнер“.
Пригожин, и самиот затвореник за време на советската ера, минатата година регрутираше затвореници, ветувајќи им укинување на казната доколку ја преживеат војната.
Киев тврди дека за време на битката за Бахмут, вагнеровците извршувале речиси самоубиствени напади на украинската одбранбена линија, при што загинале голем број.
Групата Вагнер и руската армија од минатиот викенд тврдат дека целосно го зазеле Бахмут, што Киев го негира.
Пригожин изминативе два дена јасно кажа дека неговите сили ќе се повлечат од градот до 1 јуни и ќе ги препуштат позициите на редовната руска армија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.