Полицијата потврди дека познатата инфлуенсерка и мејк-ап артистка која потекнува од Македонија, Маја Јанеска, во петокот била пронајдена со прострелна рана во главата, пренесува ужноафриканскиот портал „News24“.

Африканската полиција извршила увид на местото на несреќата и во оваа фаза органите на прогонот не го третираат случајот како сомнителен, но порталот тврди дека семејството и пријателите во изјава за „News24“ рекле дека не можат да веруваат дека таа сама би си го одзела животот.

Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило во имотот Басонија. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронашла жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Смртта ја потврдил лекар, изјавил портпаролот на полицијата Масондо.

Според порталот, Јанеска во моментот на нејзината смрт била во врска со Кајл Филипс, кодиректор на компанија за цигари.
Порталот пренесува дека нејзиното момче за време на настанот било во домот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.