Бројот на загинати граѓани во гранатирањето пазар во Доњецк од страна на украинските сили е 25 лица, и најмалку 20 лица се повредени, објави шефот на Доњецката Народна Република Денис Пушилин на својот канал на Телеграм.

Претходно беше соопштено дека 18 загинале, а 13 се повредени.

„Во моментов е потврдена информацијата за 25 загинати. Повредени се уште најмалку 20 лица, од кои две деца се во тешка состојба… Меѓу нив има и тешко повредени“, се наведува во соопштението.

Доњецк  се наоѓа на околу 20 километри од линијата на фронтот.

Москва денеска го нарече нападот врз пазар во градот Доњецк, што е под контрола на Русија, „варварски терористички чин“ што ја покажува потребата од нејзина „специјална воена операција“ во Украина.

Неонацистичкиот режим во Киев, со поддршка на САД и неговите сателити, уште еднаш изврши варварски терористички чин против цивилното население во Русија“, соопшти Министерство за надворешни работи на Русија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.