Aмбасадорот на самопрогласената Луганска Народна Република во Русија, Родион Мирошник, изјави дека во Лисичанск се водат меѓусебни улични борби на украинските сили.

Како што вели Мирошник, во реонот се уште нема руски сили и дека станува збор за судир меѓу националистичките единици со делови од украинските сили коишто сакаат да го напуштат градот.

Нападот на Лисичанск, последниот голем град во Луганската Народна Република под контрола на украинската армија, ќе биде извршен заедно со нападот на Северск во блиска иднина – изјави Мирошник.

Како што истакна тој, овие две акции ќе се спроведуваат паралелно со цел да се спречи украинската армија да организира „триаголник“ во правец на Славјанск.

Мирошник додаде дека тоа ќе биде направено многу брзо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.