Харизматичниот претседател на Ел Салвадор, кој затвори 75.000 криминалци, го слави падот на стапката на убиства, тврдејќи дека ја исчистил земјата и ја направил „најбезбедната во Латинска Америка“.
Наџиб Букеле, наречен „најкул диктатор на светот“, затвори повеќе од 75.000 членови на банди во еден од најголемите затворски системи на континентот, откако прогласи воена состојба во март 2022 година.
Сстапката на убиства што достигна врв од 106 на 100.000 жители пред девет години падна на 2,4 минатата година, што ја прави 2023 година „најбезбедна година во историјата на Ел Салвадор“. Само 7.000 од приведените се ослободени, додека останатите се сместени во страшна мрежа на строго контролирани затвори што ги вознемири групите за човекови права. Но, рејтингот на Букеле се искачи на околу 90 отсто во земја која со години ја измачуваат картели, вклучувајќи ги и озлогласените банди MS-13 и 18th Street.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.