Белгиската и германската полиција денеска извршија рација во седиштето на Европската народна партија, најголемата партија во Европскиот парламент во Брисел.

Полициската потрага „е поврзана со тековната истрага во Тирингија, Германија“, се вели во соопштението на партијата, пишува Политико.

„Партијата соработува целосно транспарентно со надлежните органи, обезбедувајќи ги сите релевантни информации и документација“, се додава во информацијата.

„Белгиски полицајци упаднаа на првиот и третиот кат од седиштето на партијата во Ру ду Комерс“, изјави изворот.

Според првичните информации, полицијата запленила компјутери во врска со тековната истрага за наводна корупција за време на изборната кампања на ЕУ во 2019 година, пренесува „Euroactiv“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.