Видеа објавени на социјалните мрежи, ја прикажуваат финската премиерка Сана Марин како се забавува со неколку познати фински личности, меѓу кои и пратеникот Илмари Нурминен и ТВ водителката Тини Викстром.
На видеото Марин танцува во занес со неколку пријатели, а во позадина се слуша како луѓето викаат за кокаин, пренесуваат финските медиуми.
Финскиот пратеник Мико Керна, коалициски партнер на партијата на Сан Марин, ја повика премиерката да направи тест за дрога и да ги објави резултатите јавно.
Народот може да го очекува ова од својот премиер, напиша тој на Твитер.
На прес-конференција во четвртокот наутро, Марин негираше дека користела дрога и рече дека нема што да крие, објави Политико.
Танцував, пеев, славев, правев легални работи, рече премиерката и додаде дека не пиела многу.
Таа ја коментираше и објавената снимка.
Верував дека бидејќи видеата се приватни нема да бидат објавени. Лошо е што беа објавени, изјави Марин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.