Православните верници во Украина отсекогаш го славеле Божик на 7 јануaри, по Јулијанскиот календар, но оваа година и празикот за нив стасува порано.
Православната црква на Украина дозволи прв пат празникот да се слави на 25 декември, објави порталот Политико.
Таквиот потег претставува јасно одвојување од Русија, која го слави Божик на 7 јануари, и дополнително го продлабочува јазот меѓу двете цркви.
Во 2018 година Православната црква на Украина се одвои од Украинската православна црква, која се гледа себеси како тесно поврзана со Москва и сега се соочува со барањата за забрана, бидејќи се смета дека им помага на непријателите на земјата.
Надбискупот на Православната црква на Украина Јевстратиј Зорија изјави за Политико дека на луѓето им се остава избор кога сакаат да го слават Божиќ, потсетувајќи дека основата за промената на датумот постои уште од 2017 година, кога 25 декември стана празник во Украина.
Бројни верници лобираа да се отстапи од Јулијанскиот календар, по кој се „изедначува“ со Руската православна црква.
Повиците беа само погласни по руската инвазија, поради што Православната украинска црква им дозволи на своите парохјани, околуи 7000, ако сакаат празникот да го слават на 25 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.