Претседателот на Уганда Јовери Мусевени нареди карантин во два региона од централниот дел на земјата каде е главното жариште на епидемијата на ебола, забранувајќи патувања, воведувајќи полициски час и наредби за затворање на места кои примаат публика.
Министерството за здравство наведе дека досега 19 лица починале од ебола, а од првото појавување на вирусот на 20 септември во земјата се потврдени 58 случаи на заразата.
Претседателот Мусави во телевизиско обраќање нареди двата региона веднаш да бидат затворени, и во следните 21 ден да има полициски час од самрак до зори, да се забранат патувања и да се затворат пазарите, баровите и црквите.
Претседателот претходно претходно им нареди на традиционалните исцелители да престанат да се грижат за болните во обид да се спречи ширењето на вирусот, а полицијата да го уапси секој за кого се сомневаат дека е заразен со ебола, а одбива изолација.
Во Уганда и претходно имаше епидемија на ебола, заразата која уби неколку илјади луѓе низ Африка од нејзиното откривање во 1976 година во соседно Конго.
Вирусот на ебола или хеморагична треска може да биде смртоносен, но сега постојат вакцини и терапии против оваа болест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.