Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп е безбеден по пукањето пред неговиот голф клуб во Флорида.Поранешниот претседател порака до своите поддржувачи по инцидентот за да ги извести дека е безбеден и неповреден.

– Во моја близина се слушаа истрели, но пред да се рашират гласините, сакам да го слушнете ова директно од мене: безбеден сум и здрав. Ништо нема да ме успори. Никогаш нема да се предадам! Секогаш ќе те сакам за поддршката – напиша Трамп во пораката.

Припадниците на Тајната служба, како што пренесува NY Post, отвориле оган врз маж кој влегол на теренот за голф во Вест Палм Бич каде поранешниот американски претседател Доналд Трамп во тој момент играл голф со пријателите.

Тајната служба веднаш го одвела Трамп на безбедно место, додека агентите отвориле оган кога забележале дека мажот во рацете држи како што изгледало како цевка од пиштол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.