Министерот за одбрана на Нигер, генерал Салифу Моди, изјави дека повлекувањето на француските трупи од Нигер  придонело за подобрување на борбата против тероризмот во земјата.

Генерал Моди потсети дека последниот француски војник официјално ја напушти земјата на 22 декември 2023 година.

Можеме да кажеме дека нивното повлекување имаше позитивно влијание врз нашата борба против тероризмот“, изјави тој.

Моди додаде дека најпрво, Французите дошле во Нигер за да и „помогнат“ на владата во борбата против тероризмот, но всушност истиот тероризам продолжил да се поддржува и да цвета во регионот.

Тоа е како да гаснеш пожар со бензин“, изјави генерал Моди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.