Над 2.700 лекари во Словачка денеска дадоа отказ, барајќи од министерот за здравство Камил Шашак да го запре процесот на трансформација на државните болници во акционерски друштва, соопшти Синдикалното здружение на лекари (LOZ).
Според словачкиот портал ta3, синдикатот е свесен за проблемот со консолидација на јавните финансии, но кај медицинските работници, особено кај лекарите, се зголемува загриженоста за можното намалување на платите.
Претседателот на LOZ, Петер Висолајскиј, за медиумите изјави дека ова не е првпат лекарите да поднесуваат масовни оставки и дека се надева дека „владата ќе се вразуми и ќе почне да ги решава работите во корист на пациентите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.