Во Австрија се објавени конечните резултати од парламентарните избори одржани на 29 септември, а Австриската партија на слободата (ФПО) победи со 28,8 проценти од гласовите.

Австриската народна партија (ОВП) освои 26, 3 проценти и е втора партија по освоени гласови, додека на трето место е Социјалдемократска партија на Австрија (СПО) со освоени 21, 1 отсто од гласовите. НЕОС доби 9,1 проценти, а Зелените – 8,2 отсто. Ниту една од малите партии не го помина цензусот од четири проценти.

Според освоените гласови ФПО има 57 пратеници, што е за 26 повеќе од минатиот мандат, ОВП освои 51 пратеник, што е за 20 помалку од минатиот состав, СПО има 41, што е за еден пратеник повеќе, Нова Австрија и либерален форум (НЕОС) освои 18 пратеници, тројца повеќе, а Зелените имаат 16 мандати, што е за 10 пратенички места помалку од минатиот состав.

На изборите учествувале 4.929.745 граѓани од вкупно регистрираните 6.346.059 гласачи односно одѕивот беше 77,68 отсто, а во 2019 година изнесуваше 75,59 отсто



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.