Поранешниот кинески министер за надворешни работи Чин Ганг, сменет од таа функција во јули, имал вонбрачна врска додека служел како амбасадор во Соединетите држави, објави Волстрит џурнал.
Чин соработувал во истрагата, која сега е фокусирана на тоа дали аферата или однесувањето на Чин ја загрозиле националната безбедност на Кина.
На високи кинески функционери им било кажано дека внатрешната истрага на Комунистичката партија покажала дека Чин се вклучил во аферата додека бил амбасадор на Кина во САД.
Чин беше сменет во јули од страна на ветеранот, дипломат Ванг Ји како министер за надворешни работи, откако Чин беше отсутен еден месец по едвај половина година на функцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.