Роберт Хансен, поранешниот агент на ФБИ кој стана шпион и предизвика најголема штета во историјата на американската агенција, во понеделникот е пронајден мртов во својата ќелија, објавија американските власти.
Хансен (79) беше осуден на доживотен затвор во 2002 година, откако призна дека шпионирал за Советскиот Сојуз, а подоцна и за Русија повеќе од 20 години.
Вработените во затворот се обиделе да го спасат Хансен откако тој бил пронајден без свест во понеделникот, но безуспешно, соопшти затворската управа. Причината за смртта не е соопштена.
Хансен се приклучи на ФБИ во 1976 година и во 1985 година почна да продава доверливи информации на Советскиот Сојуз.
Кога беше уапсен во 2001 година, тој имал повеќе од 1,4 милиони долари во готовина, банкноти и дијаманти, во замена за компромитирање на бројни агенти, разузнавачки техники и доверливи американски документи, се наведува на веб-страницата на ФБИ.
Тој издржуваше доживотна затворска казна во затвор со максимална безбедност во Колорадо.
Фото: Ројтерс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.