Поправките на мостот што ги поврзува полуостровот Крим и југот на Русија треба да завршат до јули 2023 година, се наведува во документот објавен на веб-страницата на руската влада, пренесе денеска „РИА Новости“.
Рускиот претседател Владимир Путин на 9 октомври изјави дека експлозијата на клучниот мост што го поврзува Крим со Русија е терористички чин, планиран од украинските специјални служби.
Три лица загинаа во експлозијата на мостот.
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во средата објави дека терористичкиот напад на мостот на Крим го организирале Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина и нејзиниот началник Кирил Буданов, а во досегашната истрага се уапсени осум лица, објави „Интерфакс“.
Како што се наведува во соопштението на ФСБ, службата приведе пет државјани на Русија и тројца државјани на Украина и Ерменија во рамките на истрагата за терористичкиот напад.
ФСБ соопшти дека истрагата за нападот продолжува, а сите нејзини организатори и соучесници, „вклучувајќи и странски државјани, ќе одговараат во согласност со руските закони“, пренесе „Интерфакс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.