Најмалку едно лице загина во поплавите предизвикани од обилни врнежи во поголемиот дел од државата Њујорк. Десетици возачи беа спасени откако претходно нивните возила се заглавија на поплавените патишта, соопштија локалните власти.
Невремето проследено со грмотевици траело неколку часа по долината на реката Хадсон обилните врнежи од дожд оставија поплавени автопати и куќи. Метеоролозите јавија дека паднал речиси 30 цм дожд во областите северно од Њујорк. Поради новонастанатата ситуација полицијата ги затворила патиштата и издала вонредна состојба за ретки поплави велејќи им на жителите да се преселат на повисоките места и да избегнуваат патувања. Метеоролошката служба предвидува дека денеска може да се случат катастрофални поплави.
Покрај Њујорк невремето ја погоди и Пенсилванија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.