Четиридневната работна недела го подобри здравјето на работниците намалувајќи го нивниот стрес, истовремено намалувајќи ја и емисијата на штетни гасови и имаше корист за децата, покажа пилот-програмата спроведена во Валенсија, а претставена синоќа.
Валенсија, трет по големина во Шпанија со речиси 800 илјади жители, распореди локални празници да бидат во четири понеделници по ред, од 10 април до 7 мај оваа година.
Во проектот учествуваа 360 илјади работници.
Голем број учесници ги користеа подолгите викенди за да се вклучат во здрави навики како што се вежбање, одмор и готвење домашно зготвени оброци, според независниот Комитет за здравство и општествени науки што ја оценуваше програмата.
Податоците покажуваат подобрувања во здравјето, пониски нивоа на стрес и подобри чувства за замор, среќа, расположение и лично задоволство.
Намалувањето на употребата на моторни возила во текот на четирите понеделници доведе до подобрување на квалитетот на воздухот, а се испушташе помалку азот диоксид, покажуваат градските мерења.
Негативната страна на програмата е што пушачите и алкохоличарите ја зголемија потрошувачката на тутун и алкохол.
Висок процент од испитаниците изјавиле дека повеќе читаат, учеле, гледале филмови и се занимавале со хоби како фотографија, музика и сликарство.
Четиридневната работна недела најмногу им користеше на децата, бидејќи повеќе време поминуваа со родителите.
Секторот за услуги и туризам имаше повеќе гости во тој период, но трговците забележаа пад на продажбата, а итните медицински служби беа преоптоварени, бидејќи повеќе здравствени работници земаа одмор, се вели во извештајот.
Проектот беше дизајниран од градската лева коалиција Компромис, сојуз на прогресивни, зелени и регионални партии.
Социјалистичката влада на Шпанија минатата година започна сличен двегодишен проект фокусиран на малите и средни бизниси низ целата земја. мс/фото: МИА архива .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.