Полскиот министер за култура Бартоломеј Сиенкиевич денеска изјави дека одлучил да ја стави државната телевизија, како и радиото и новинската агенција, во постапка за ликвидација.
Неговиот потег следи по одлуката на полскиот претседател Анджеј Дуда да стави вето на предлозите на новата влада за финансирање на јавните медиуми.
-Поради одлуката на претседателот на Полска да го суспендира финансирањето на јавните медиуми, решив да ги ликвидирам компаниите кои управуваат со телевизијата, радиото и новинската агенција, објави Сиенкиевич на платформата „Х“.
Тој рече дека во сегашната ситуација со ваквата реакција ќе се обезбеди продолжување на работата на тие компании, ќе се овозможи потребното преструктуирање и ќе се спречи отпуштање на вработенитe.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.