Откако во Хрватска е потврдено присуство на подвидот на омикрон, БА.2, епидемиологот Бернард Каиќ вели дека се уште не знае дали таа подваријанта е поопасна, но дека постојат индикации дека е малку позаразна, иако не смета дека има голема разлика меѓу омикронот и подваријантата на тој сој.
Тој додаде дека се чини оти оваа подваријанта на омикрон нема влијание врз ефикасноста на вакцината против коронавирус или врз заштитата добиена по прележувањето на болеста.
Добро е што се чини дека оние кои ја прележале стандардната варијанта омикрон ќе останат имуни на новата, изјави Каиќ за загрепската телевизија N1.
Според него, „ако оваа подваријанта е позаразна, тогаш не се исклучува можноста тоа да го продолжи времетраењето на петтиот бран на епидемијата, но не предолго“.
Претходно, денеска во Хрватска е потврдено присуство на подваријантата на омикрон – БА.2
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.