Претставници на ОН и заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Вершинин денеска во Женева почнаа преговори за можно продолжување на договорот за извоз на украинско жито од пристаништата на Црното Море, соопшти руската дипломатска мисија во Женева.

Црноморската иницијатива, која беше договорена од Русија и Украина со посредство на ОН и Турција во јули минатата година, во услови на рускиот напад врз Украина, овозможи безбедно извоз на украински житарки од три црноморски пристаништа.

 

 

Договорот беше продолжен за 120 дена во ноември и истекува на 18 март, а Москва веќе навести дека ќе се согласи да го продолжи договорот доколку се укинат ограничувањата за извоз на руски земјоделски производи и ѓубрива.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.