Британската полиција денеска потврди дека уште едно дете кое беше рането во напад со нож во градот Саутпорт во Англија, им подлегна на повредите, со што бројот на деца-жртви се зголеми на три.

По нападот со нож во училиште за танц во Саутпорт осум деца беа повредени, а пет се во критична состојба.

Повредени се и двајца возрасни кои исто така се во критична состојба, соопштија официјални претставници.

Деветгодишно девојче почина рано изутрината во болница, соопшти полицијата, пренесе Скај њуз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.