Француската калуѓерка, сестра Андре, која од минатата 2022 година е признаена како официјално најстарата жена во светот, почина во домот за стари лица во Тулон, Франција, каде што беше сместена. Таа имаше 118 години.
Движејќи се во ортопедска количка, слепата сестра Андре, родена како Лусил Рандон на 11 февруари 1904 година во Алес, јужна Франција, се жалеше што изгубила дел од своите физички способности. Стручњаците се согласуваат дека таа досега била најстарата жива личност, чиј извод од Матичната книга е официјално потврден.
И Гинисовата книга на рекорди ја призна како носителка на рекордот на 25 април по смртта на Јапонката Кана Танака на 119-годишна возраст.
Таа веќе неколку години не го крие заморот и желбата „да се извлече од оваа работа“. Но, како што рече таа во интервју од 2022 година – „добриот Господ не ме слуша“.
Сестра Андре починала во сон, потврди претставник на домот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.