Камило Гевара Марч, најстариот син на револуционерната икона Ернесто „Че“ Гевара, починал во Каракас на 60-годишна возраст, соопшти кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел.
Според „Пренса латина“ (Prensa Latina), Гевара Марч бил во посета на Венецуела кога починал од згрутчување на крвта, што довело до срцев удар.
Со голема тага се збогуваме со Камило, синот на Че и промотор на неговите идеи – напиша Дијаз-Канел на Твитер
Камило беше најстариот од четирите деца што Аргентинецот Че Гевара ги имаше со Кубанката Алеида Марч.
Освен нив, Гевара ја имаше и ќерката Хилда од претходниот брак со Перуанката Хилда Гаде.
Дипломиран по трудово право, Камило Гевара Марч беше директор на Центарот за студии на Че Гевара во Хавана, институција посветена на промовирање на работата и идеологијата на неговиот татко, кој останува многу влијателна фигура во Куба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.