Гимназијата во францускиот град Арас, каде во петокот професор беше избоден до смрт, денеска е евакуирана поради закана за бомба, јавуваат француските медиуми.
Десетици вработени и ученици го напуштија средно училиште во Арас околу 10:30 часот. Властите изјавија за француски медиуми дека заканата за бомба била упатена преку и-мејл.
Полициската екипа и екипите за експлозиви пристигнале на местото на настанот и се врши вештачење на ранците на учениците, јавува БФМ ТВ.
Наставниците и учениците од гимназијата „Гамбета-Карно“ се собраа во дворот на зградата што се наоѓа спроти нивното училиште, а беа придружувани од лица од цивилната заштита.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.