Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба им нареди на сите амбасади на Киев во странство итно да ја зајакнат безбедноста по денешниот инцидент во Амбасадата на Украина во Мадрид, во кој, писмо бомба предизвика експлозија и повреди едно лице вработено во Амбасадата.

Во видео објава на Фејсбук, украинскиот министер ја опиша експлозијата како напад на дипломатско претставништво и терористички напад.

„Ова е многу сериозен инцидент. Ова е напад на дипломатско претставништво, кое е заштитено со меѓународното право. Ние го третираме максимално внимателно“,

рече Кулеба во видеото објавено на Фејсбук.

Министерот, исто така, ја повика Шпанија да преземе итни мерки за да го истражи нападот, додвајќи дека извршителите нема да успеат да ги заплашат украинските дипломати или да ја прекинат нивната секојдневна работа на зајакнување на Украина и спротивставување на руската агресија.

„Кога ќе се утврди сторителот на овој терористички напад, ќе ги преземеме сите мерки ова лице или овие лица да бидат строго казнети“,

истакна министерот за надворешни работи на Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.