Либиски безбедносен аналитичар тврди дека околу 1.300 платеници на руската приватна компанија Вагнер се префрлени од Либија во Украина за да се борат заедно со руските сили, пренесува Бгнес.
– Во Либија имаше 2.200 платеници на Вагнер. Русија повлече 1.300, а остави само 900 овде, изјавил за агенцијата Анадолија Адел Абдел-Кафи, воен и безбедносен експерт.
Тој додаде дека паравоените сили на Вагнер биле отстранети од нивните позиции на автопатот што ги поврзува областите Сирт и Џафра во централна Либија.
Абдел-Кафи рече дека групата Вагнер се повеќе се потпира на борци од африканските земји и продолжува да регрутира луѓе од Мали, Чад и Судан.
Групата Вагнер во Либија е од октомври 2018 година за да ги поддржи силите на воениот командант Калифа Хафтар, кој се бори против легитимната либиска Влада за контрола на северноафриканската земја.
Ова не е прво тврдење за вмешаност на Вагнер во руската инвазија врз Украина, која почна на 24 февруари. Само неколку дена по почетокот на војната, украинскиот амбасадор во Либан, Игор Осташ, ја обвини Русија дека испратила 400 платеници на Вагнер во Киев за да убијат политички лидери и други високи функционери.
Групата е и цел на многу санкции кои западните земји ги воведоа против Русија.
Британската Влада вчера соопшти дека последните санкции на Велика Британија се насочени против „оние кои ја поддржуваат руската инвазија врз Украина, вклучително и групата Вагнер, голем број одбранбени компании и руските железници
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.