Кремљ денеска соопшти дека „многу внимателно“ ќе ги следи разговорите меѓу турскиот и украинскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вечерва треба да ја посети Турција.
Ќе ги следиме резултатите од преговорите многу внимателно и ќе го одржиме нашето конструктивно партнерство со Анкара, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој ја поздрави посредничката улога на Ердоган во врска со војната во Украина и посочи дека турскиот претседател „во неколку наврати вложил големи напори за решавање на различни проблеми“.
Би биле заинтересирани да знаеме за што разговарале Ердоган и Зеленски. Тоа е важно, истакна Песков.
Посетата на Зеленски на Истанбул е пред претстојниот Самит на НАТО, што ќе се одржи на 11 и 12 јули во Вилнус, Литванија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.