Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска објави дека американските ракетни одбранбени системи „Патриот“ ќе бидат легитимна цел на руските сили, доколку САД го достават тоа оружје како дел од воената помош за Киев.
Песков рече дека „Патриот“ дефинитивно ќе бидат цел на Русија, но нема да ги коментира непотврдените медиумски извештаи за испраќање на тоа оружје.
Портпаролот на Кремљ додаде дека Москва не добила ниту еден предлог за примирје од Киев за време на новогодишните и божиќните празници.
„Си-ен-ен“ претходно објави, повикувајќи се на изјави на двајца американски функционери и висок претставник на администрацијата на претседателот Џо Бајден, дека САД ги финализираат плановите за испраќање на ракетниот одбранбен систем „Патриот“ во Украина и дека деталите за потенцијалната испорака би можеле да бидат објавени веќе оваа недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.