Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Москва не знае ништо за новиот „мировен план“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Песков на брифингот со новинарите истакна дека сето она за што досега зборувал Зеленски е без да се земе предвид фактичката состојба на работите.

Американскиот весник „Волстрит џурнал“ објави, повикувајќи се на извори во европските и украинските дипломатски кругови, дека соработниците на Зеленски го финализираат неговиот план од десет точки за мирно решавање на кризата во Украина и дека планот треба да биде претставен во февруари.

Во ноември, Зеленски рече дека Киев има свој „план за постигнување мир“ кој се состои од 10 точки. Меѓу нив се обезбедување нуклеарна, прехранбена и енергетска безбедност, размена на затвореници, враќање на територијалниот интегритет на Украина, „повлекување на руските сили“, прекин на непријателствата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.