Давањето било какви безбедносни гаранции за Украина е крајно погрешно и многу опасно, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Со обезбедување на секаков вид безбедносни гаранции за Украина, овие земји всушност го игнорираат меѓународниот принцип на неделивост на безбедноста. Односно, давајќи гаранции за безбедност на Украина, тие навлегуваат во безбедноста на Руската Федерација, рече портпаролот на Кремљ, коментирајќи ја изјавата на директорката за Европа во Советот за национална безбедност на САД, Аманда Слот, за тоа дека лидерите на Г7 ќе објават долгорочни безбедносни гаранции за Украина.
Документот предвидува распределба на воена опрема за Киев, зајакнување на размената на разузнавачки податоци, проширување на програмите за обука на вооружените сили на Украина, како и развој на индустриски капацитети.
Песков додаде дека снабдувањето на Украина со касетна муниција ја менува ситуацијата и ја принудува Русија да преземе контрамерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.