Мајк Пенс, поранешен потпретседател и учесник во трката за претседателски кандидат од Републиканската партија на претстојните избори денеска изјави дека ги смета за непромислени зборовите и акциите на поранешниот претседател Доналд Трамп на денот на нападите на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Пенс кажа и дека Трамп погрешил во убеденоста дека поранешниот потпретседател можел да ги укине резултатите од изборите.

Иако неговите зборови беа непромислени, врз основа на тоа што мене ми е познато се уште не сум убеден дека тие беа злосторнички, изјави Пенс во интервју за Си-ен-ен.

Трамп неделава објави писмо адресирано до него од во кое се наведува дека се води федерална истрага за неговите обиди да го укине поразот на претседателските избори во 2020 година. Тоа е знак дека Трамп може да биде ставен под федерална тужба поврзано со неговите обиди да остане на власт по поразот на изборите.

Се надевам дека до тоа нема да дојде, изјави тој во врска со ова.

Укажа дека американското општество е тоа кое треба да одреди дали Трамп треба да биде повикан на одговорност.

Неговите акции тогаш беа непромислени но неговите намери не ми беа познати, изјави Пенс.

На 6 јануари 2021 година Трамп неколкупати го искритикува Пенс зашто се откажал да ја спречи конгресната постапка со регистрација на победата на Бајден на изборите во 2020 година.

За време на нередите пред Конгресот, некои демонстранти скандираа „обесете го Мајк Пенс“.

Знам само дека на тој ден само ја извршував својата должност, додаде Пенс и рече дека Трамп погрешил во убеденоста дека поранешниот потпретседател можел да ги укине резултатите од изборите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.