Папата Франциск денеска упати апел за мир на Блискиот Исток, молејќи се да се задржи прекинот на огнот меѓу Израел и милитантите во Појасот Газа.

Тој испрати и порака по повод Денот на мајката, кој се слави во многу земји, а своите мисли и ги посвети на „уништената Украина“, пренесува Ватикан Њуз.

Говорејќи од прозорецот на неговата работна соба во Апостолската палата по молитвата Небесна кралица (Регина Каели) со верниците и аџиите собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан, папата изрази жалење за страдањата во вооружените конфликти меѓу Израелците и Палестинците, во кои животот го загубија невини луѓе, меѓу кои и жени и деца.

– Се надевам дека штотуку постигнатото примирје ќе стане стабилно, дека пушките ќе замолчат, бидејќи безбедноста и стабилноста никогаш нема да се постигнат со оружје, туку напротив, ќе продолжи да се уништува секоја надеж за мир“, рече папата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.