Американскиот десантен брод Ганстон Хол денеска исплови од пристаништето Норфолк и го означи почетокот на најголемите воени вежби на НАТО од Студената војна, соопштија претставници на Северноатлантската алијанса.
Околу 90.000 војници од Соединетите Американски Држави и други земји-сојузници на НАТО ќе учествуваат на воената вежба наречена „Непоколеблив бранител 2024“, која ќе трае до мај годинава.
Во маневрите на НАТО ќе учествуваат околу 50 бродови, од носачи на авиони до разорувачи, повеќе од 80 борбени авиони, хеликоптери и дронови и најмалку 1.100 борбени возила, вклучувајќи 133 тенкови и 533 пешадиски борбени возила.
Според НАТО, ќе се вежба спроведување на регионалниот план на Северноатлантската алијанса, на кој се работи со децении, со детали осмислени со цел да се одговори на евентуален руски напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.