Првите 30 празни камиони поминаа низ новоотворениот премин Ухринов-Долхобичув на украинско-полската граница.

Официјален Киев очекува дека отворањето на овој премин ќе ги деблокира главните копнени коридори во период на штрајкот на полските возачи на камиони, соопшти денеска украинската гранична служба.

Полските камионџии штрајкуваат од 6 ноември поради нивната наводно подредена положба во однос на нивните украински колеги, а како резултат на тоа се блокирани четири гранични премини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.