Денеска, нема да има полетувања од аеродромите во Берлин, Бремен и во Хамбург поради штрајкот што го најави синдикатот.

„Поради предупредувачкиот штрајк на вработените во контролата на летање, нема да има полетувања. Штрајкот ќе влијае и на летовите што доаѓаат“, се вели во соопштението на аеродромот во Берлин.

Аеродромот во Хамбург исто така најави дека може да има одложувања или откажувања на дојдовните летови.

Бремен наведува дека нема да има летови од нивниот аеродром.

Синдикатот повика на штрајк на работниците поради спорот за платата за ноќна, викенд и за празнична работа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.