Основачот на приватната воена комапнија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, ја поминал новогодишната ноќ на првата линија на фронтот, далеку од гламурот на Москва или Санкт Петербург. Пригожин прво ги посетил украинските заробеници, а потоа и борците од групата „Вагнер“, кои се борат во Бахмут.

Во разговорот со борците на фронтот, тие имале можност пред камерата да им испратат новогодишни честитки на семејствата и пријателите, а потоа зборувале и за тоа што им е најпотребно на фронтот во моментов.

За успешно заземање на Бахмут, борците на „Вагнер“ велат дека им се потребни оклопни возила и повеќе гранати, артилерија и минофрлачим за целосно да го заземат градот.

Потоа, Пригожин им се обратил со многу важна порака, која прво е упатена до воената и цивилната руска бирократија, а потоа до украинската армија, но и до НАТО пактот.

Победата ќе биде наша. Оваа година ќе победиме, но прво треба да ја победиме внатрешната бирократија и корупцијата, потоа ќе ги победиме Украинците, НАТО и целиот свет. Друга работа е што бирократите и корумпираните функционери сега нема да не слушнат, тие во моментов пијат шампањ“, порача Пригожин.

Претходно, лидерот на „Вагнер“ ги посетил и украинските заробеници, на кои им подарил гајба со свежи мандарини и им ја честитал Новата година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.