Унгарскиот премиер Виктор Орбан, по своите патувања во Украина, Русија и Кина, ги информираше лидерите на ЕУ за резултатите од својата „мировна мисија“ и за „мировните“ предлози на Будимпешта.
Балаш Орбан, неговиот политички советник, изјави дека унгарскиот акционен план е на масата на сите европски шефови на влади, пренесува ТАСС.
„Премиерот писмено ги информираше лидерите на Европскиот совет за резултатите од првата фаза од преговорите, за мировната мисија и за предлозите на Унгарија. Ако Европа сака мир и сака да има одлучувачки глас за решавање на воениот конфликт и запирање на крвопролевањето, тогаш таа сега мора да се развие и да го промени својот политички правец“, вели советникот на шефот на владата во интервју за весникот Маѓар Немзет.
Тој истакна дека „планот на Орбан сега е на масата на секој премиер на ЕУ“.
На прашањето дали зборува за планот на Орбан како да се постигне мир, Балаш Орбан одговори: „Да, тоа е всушност планот на Орбан, кој сега е на масата на секој премиер на ЕУ“.
– Нашиот пристап се заснова на реална проценка на ситуацијата, реални цели и соодветен распоред – рече советникот на претседателот на унгарската влада.
Според него, улогата на Унгарија како посредник не треба ниту да се прецени ниту да се потцени.
– Точно знаеме за што е доволна силата на земјата, а за што не, но од првиот ден на конфликтот бевме кредибилни претставници на мирот, единствени сме способни да преговараме со секоја страна. Самиот факт што овие средби се одржаа во интервал од две недели покажува дека Унгарија може да одигра сериозна улога во посредувањето – изјави советникот на унгарскиот премиер.
Тој вели дека сега задачата на Будимпешта е да се обиде да ги убеди членките на Европската унија во планот на Виктор Орбан.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Персков денеска изјави дека Москва не ги знае деталите за предлогот на унгарскиот премиер за решавање на украинскиот конфликт, што тој го испрати до лидерите на Европската унија.
– Секако, не знаеме за што е внатрешната кореспонденција во Европската Унија, па можеби има некои детали (предлози за решавање на украинската криза) кои не ги знаеме. Но, уште еднаш повторувам, општиот пристап на господинот Орбан ни е познат – рече Песков, а пренесува РИА Новости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.