Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да го послуша повикот на американскиот претседател Џо Бајден за примирје во Појасот Газа, според кое Хамас ќе ги ослободи заложниците, јавија британските медиуми.
Лапид, исто така, понуди дека ќе ја поддржи владата доколку екстремно десничарските коалициски партнери на Нетанјаху ја напуштат владата во знак на протест поради можниот договор за заложниците и прекин на непријателствата во палестинската енклава.
Владата на Израел не може да го игнорира важниот говор на претседателот Бајден. Има договор на маса и тоа мора да се направи“, напиша Лапид на социјалната мрежа „Х“.
„Го потсетувам Нетанјаху дека во нас може да смета на гарантот за постигнување договор за ослободување на заложниците во случај екстремно десничарските лидери (Итамар) Бен-Гвир и (Бетзалел) Смотрич да ја напуштат владата“, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.