Каналот „Сива зона“ на Телеграм, кој Пригожин го користеше за ширење на своите видео-пораки, во средата вечерта ја објави смртта на шефот на приватната армија Вагнер. „Шефот на Вагнер, руски херој и вистински патриот загина последица на дејствување на предавниците на Русија. Но, тој и во пеколот ќе биде најдобар. Слава на Русија!“, објавија на каналот „Сива зона“.

Федералната руска агенција за воздушен сообраќај Росавиазија објави листа на патници од настраданиот авион, на која покрај Пригожин, се наоѓа и името на официјалниот командант на Вагнер, Дмитри Уткин. Сите десет патници во приватниот авион од типот Ембраер, кој наводно бил на пат од Санкт Петербург кон Москва и кој се урна синоќа во Твер, регион на сто километри од руската престолнина, загинале, соопшти руската Служба за цивилна заштита.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.