Официјална Москва јавно предупреди дека САД планираат лажно да ја обвинат Русија за употреба на оружје за масовно уништување со цел дополнително да ја изолираат земјата.

Инсценирањето на употреба на оружје за масовно уништување ќе биде искористено за да се обвини Русија за употреба на нелегално оружје, со цел да се реализира таканареченото „сценарио за Сирија“, во кое одредена држава е економски и политички изолирана и исклучена од меѓународната организации како што е Советот за безбедност на ОН – истакна шефот на одделот за радијациска, хемиска и биолошка одбрана на руската војска, Игор Кирилов.

Тој додаде дека западните лидери веќе дале бројни провокативни изјави во последните недели дека Русија планира да користи тактичко нуклеарно, хемиско и биолошко оружје во Украина.

Целта е да се зголеми притисокот врз Индија и Кина да му се придружат на Западот во воведувањето санкции против Русија – истакна Кирилов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.