При истекување на токсичен гас во јорданското пристаниште Акаба загинале 10 луѓе, а најмалку 250 се повредени. Несреќата се случила кога резервоар полн со токсичен гасовит материјал падна за време на транспортот.

Најблиската станбена зона е оддалечена 25 километри од местото на несреќата, а надлежните ги повикаа граѓаните да не излегуваат од домовите и да ги затворат вратите и прозорците.

На снимката објавена на државната телевизија се гледа како кран во пристанишниот град Акаба крева голем танкер од камион и потоа го фрла на палубата на брод, што доведе до експлозија и ненадејно ширење на жолт чад.

Државната телевизија објави дека 199 од 251 повредени се хоспитализирани.

Јорданскиот премиер Бишар ал Хасауне нареди формирање на специјална комисија, која ќе го истражи инциденто



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.