ЕУ постигна договор за забрана на пластична амбалажа на овошје и зеленчук во супермаркетите, мини пакувања кечап во рестораните и мали шишиња со шампон во хотелите во обид да се намали отпадот од пакувањето.

Согласно договорот, до 2030 година треба целосно да биде забранета употребата на пластична амбалажа за храна и контејнери за еднократна употреба во угостителството.

Според договорот, низа „формати на пластична амбалажа за еднократна употреба“, вклучително и употребата на фолии за заштита за куфери на аеродромите, ќе бидат забранети од 2030 година.

И натаму ќе бидат дозволено пакувања од хартија или картон.

Европратениците синоќа се согласија за клучниот текст на Зелениот пакт, кој ја поставува целта за намалување на обемот на отпад од сите видови пакувања во ЕУ за пет отсто од 2018 до 2030 година, потоа за 10 отсто до 2035 година и за 15 отсто до 2040 година.

Исто така, забрането е додавање на полифлуороалкилни супстанции (ПФАС) во амбалажата на храната, кои се штетни „вечни загадувачи“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.