Кремљ соопшти дека наводно протечените документи покажуваат вмешаност на Вашингтон во војната против Украина, по медиумскиот извештај кој се однесува на наводно протекување доверливи документи, пренесе ДПА.
– Немаме ни најмал сомнеж за директното или индиректното учество на САД и НАТО во конфликтот меѓу Русија и Украина, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за американската телевизија Си-Ен-Ен.
Тој ова го изјави во однос на извештајот во Њујорк тајмс за документите наводно за плановите на САД и НАТО да и помогнат на украинската војска пред планираната офанзива против руските сили.
Сепак, не е јасно дали документите наведени во извештајот се вистинити, при што Киев ги отфрли како лажни.
Песков рече дека учеството на САД и НАТО во конфликтот расте.
– Го следиме процесот. Да, и се разбира дека тоа комплицира сè, но не може да има никакво влијание врз конечниот исход на специјалната операција“, рече тој, користејќи ја терминологијата на Кремљ за руската инвазија.
Ваквите документи ќе го поддржат тврдењето на Москва дека САД намерно поттикнуваат раздор меѓу Москва и Киев со цел да ескалира конфликтот и со тоа да ја ослабне Русија и да ја дестабилизира Европа, пишува ДПА.
Но, Киев претходно соопшти дека документите се руска дезинформација, создадена од разузнавачките служби на Кремљ за да се наруши очекуваната украинска контраофанзива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.