Резултатите од токсиколошката анализа се објавени како дел од истрагата за смртта на пејачот Лијам Пејн, кој почина на 16 октомври откако падна од третиот кат во хотел во Буенос Аирес.
Лијам Пејн имал траги од комбинација на дрога во неговиот систем, вклучително и „розов кокаин“ кога паднал во смрт од балконот на хотелот, јавуваат аргентинските медиуми.
Прелиминарните резултати од токсиколошките тестови открија траги од кокаин, бензодиазепини, крек кокаин и розов кокаин, кој е комбинација од метамфетамин, кетамин и МДМА, пишува Дејли Меил.
Полицијата трага по дилери кои го снабдувале пејачот со наркотици.
Обдукцијата покажа дека пејачот починал од повеќе повреди, меѓу кои и фрактура на черепот, додека во неговата хотелска соба биле пронајдени бел прав, траги од хемиски супстанци и дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.