Најмалку 14 лица загинаа во свлечиште и поплави по обилните дождови во Непал во последните 36 часа. Во болница се примени 12 повредени, додека девет лица се водат како исчезнати.
-Клучните автопати во земјата се блокирани, а спасувачите се обидуваат да ги одблокираат патиштата, изјави портпаролот на непалската полиција Дан Бахадур Карки, пренесуваат британските меидуми.
Тој изјави дека на југоисточниот дел на Непал, реката Коши, која речиси секоја година предизвикува смртоносни поплави во источната индиска држава Бихар, достигнува опасни нивоа на вода.
Карки додаде дека населението долж течението на реката Коши е предупредено за можни поплави, како и за пораст на водостојот на реките Нарајани, Рапти и Махакали на западот од земјата.
Во околината на непалската престолнина Катманду се излеаја неколку реки и поплавија патишта и бројни станбени згради
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.