Припадник на руската дипломатска мисија во Централноафриканската Република е повреден по експлозија на пакет-бомба, потврдија од амбасадата во Москва за руските медиуми.
Се тврди дека е направен обид за атентат на Дмитриј Ситој, изјави Владислав Илин, прес-аташе на руската амбасада во Банги.
Жртвата се здобила со потрес на мозокот, но животот не му е загрозен.
„Утрово имаше обид за атентат врз генералниот директор на Рускиот дом, Дмитриј Сергеевич Ситој, тој е во болница“, рекол изворот.
Обидот за атентат се случил во домот на жртвата.
Според шефот на полицијата Биенвенџу Зокуе, инцидентот се смета за терористички напад.
Ситој примил многу закани и веќе апелирал до властите во врска со тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.