Доверливи американско разузнавачки документи кои протекоа на социјалните мрежи на 6 април откриваат дека на руските војници им биле ветени бонуси доколку ги оштетат или уништат тенковите на НАТО во Украина, пишува „Њујорк Тајмс“.

Според документите тоа е „дел од поголема транша иницијативи структурирани да им помогнат на руските војници и да го зајакнат моралот додека се борат да заземат територија во источна Украина“.

„Видеата од уништувањето на тенковите би биле широко дистрибуирани со цел да се намали довербата на Украина и Западот и да се убедат руските војници во нивната способност да го надминат ова ново оружје“, се наведува во документите, според медиумот.

Членките на НАТО и дадоа на Украина стотици борбени тенкови во обид да го свртат текот на војната со Русија.

Уште 160 тенкови „Леопард“ од германско производство се очекува да пристигнат во Украина пред новата контраофанзива, за која се верува дека ќе започне на пролет, пишува медиумот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.